недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Останати спортови

Фјури се враќа во рингот во јуни

Фјури се враќа во рингот во јуни

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, Тајсон Фјури ќе ја одржи својата прва борба од речиси три години во арената „Манчестер“ на 9 јуни, објави британскиот весник „Стандард“.

Фјури (29) нема боксувано од ноември 2015 година кога од Владимир Кличко ги одзема титулите IBF, WBA и WBO. Беше суспендиран на две години во 2016 година поради проблеми со допинг.

Целта на Фјури е да одржи грандиозен дуел со Ентони Џошуа на „Вембли“ во 2019 година, но за да стигне дотаму треба да одржи неколку борби за качување на рејтингот и да докаже дека се уште е во меѓу елитата на тешката категорија.

Неговиот промотор, Френк Ворен сепак не беше подготвен да го каже името на противникот, против кој Фјури ќе се бори во јуни.