недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Финците не ни дозволија да играме осминафинале

Финците не ни дозволија да играме осминафинале

Репрезентацијата на Финска ја победи Турција со 3:2 во сетови и ќе игра против Франција во осминафиналето на Европското првенство во одбојка.

Ова значи крај за македонскиот национален тим на кој му требаше победа на турската селекција. Турција водеше со 2:1 во сетови, но ги загуби последните два, па и покрај поразот, го освои третото место, а Финска е четврта.

Македонската репрезентација извојува две победи, но тоа не беше доволно, бидејќи иако собраа 6 бода, исто колку и Финска, сепак Скандинавците имаа подобар сет-количник. (МИА)