петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 59
home Останати спортови

Финалето на Вимблдон нема да биде одложено поради финалето на СП во фудбал

Финалето на Вимблдон нема да биде одложено поради финалето на СП во фудбал

Директорот на тенискиот Грен слем Вимблдон, Ричард Луис, соопшти дека финалниот меч нема да биде одложен поради фактот што тој може да се совпадне во терминот со финалето на Светското фудбалско првенство во Русија.

Според него, мора да се запази традицијата.

– Разговаравме за оваа тема не повеќе од 25 секунди. Веднаш заклучивме: Нашата финална трка започнува во два часот попладне, па да се држиме до тоа. Ова е нашата традиција, ајде да не ја менуваме, изјави Луис.

Ако се одлучи поинаку, тогаш ќе биде можно да се дискутира, поради што друго да се премести финалето или друг натпревар. Можеби поради атлетика или нешто друго? Освен тоа, постои можност дека до 5 часот финалето ќе заврши, додаде првито човек на Вимблдон.

Отвореното тениско првенство на Велика Британија ќе се игра од 2 до 15 јули, а на 15 јули завршува и Мундијалот во Русија. Финалето на СП е на 15 јули во 17 часот, а на Вимблдон истиот ден во 15 часот. 

Коронавирус