петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Филип Додевски освои бронзен медал на ЕПУ 21 во Шведска во олимписко таеквондо

Филип Додевски освои бронзен медал на ЕПУ 21 во Шведска во олимписко таеквондо

Филип Додевски освои бронзен медал на официјалното европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо кое се одржува во Шведска.

-Јуначки подвиг !!!

Среќен празник татковино !!!

Имаме бронзен 🥉медал од официјално европско првенство до 21 година во олимписко таеквондо, Хелсингборг, Шведска !!!

Филип Додевски категорија -87кг со две победи
против Германија 30:13
против Хрватска 26:6

И за да биде се во наш стил 🙂 за жал во последните секунди од борбата против Хрватот Филип се здоби со повреда на прст од шаката 99% фрактура но најважно е дека Филип е во ред дека и дека оваа повреда ќе ја надминеме како и сите до сега !!!

Филип со таква повреда се обиде да се бори, не се откажа го даде над човечкиот максимум но фала му на Господ овој пат наша е бронзата !!!

фала ти лаву што ни го честиташе денешниот празник на херојски начин со медал од европско првенство во олимписки спорт !!!

јунак, лав !!!

за Македонија со цело срце со цело !!!🇲🇰❤️, стои во постот посветен на освоениот бронзен медал на Филип.