петок, 4. декември 2020. Вести денес: 136
home Останати спортови

ФИА ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 на 35 дена

ФИА ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 на 35 дена

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 и производителите на мотори од 21 на 35 дена во врска со пандемијата на коронавирус, пренесува официјалната веб-страница на организацијата.

Во соопштението на официјалната веб-страница на ФИА се вели дека одлуката е одобрена од стратешката група Формула 1 и ратификувана од Светскиот совет на ФИА.

Екипите на Формула 1 престанаа да работат на 30 март.

Забележано е дека за понатамошните активности ќе се дискутира со раководството и екипите на Формула 1, земајќи го предвид развојот на состојбата со пандемијата на коронавирус.

Коронавирус