вторник, 18. септември 2018. Вести денес: 117
home Останати спортови

ФИА им забрани на Ферари да ги покриваат камерите

ФИА им забрани на Ферари да ги покриваат камерите

Интернационалната Автомобилистичка Федерација (ФИА) им забрани на Скудерија Ферари да ставаат ќеси со мраз на камерите во иднина. Италијанците го правеа ова за да попречат да се види на телевизиските екрани што се случува во нивната гаража.

Јасно е дека Ферари има најсилен болид на гридот годинава, но тие се исплашени од другите екипи да не најдат начин да “ѕирнат“ во нивната гаража и да ги искористат нивните “трикови“. Последни од низата заштитни мерки на италијанците во падокот во Монца било да го блокираат видикот на камерите со ставање на ќеси со мраз пред истите, пренесува германски Auto Motor und Sport.

ФИА во иднината им наложи а не го прават тоа затоа што, како што објаснуваат, мразот не лади ништо во тој дел на болидот и нема причина да биде таму. Во Маранело секако веќе работат на нови начини за попречување на камерите да го видат тоа што не сакаат да го споделат со останатите.