вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Останати спортови

Фетел заработи дисквалификација, Хамилтон се радува на второто место

Фетел заработи дисквалификација, Хамилтон се радува на второто место

Конечниот поредок по трката на „Хунгароринг“ претрпе промени, поради казната која ја доби Себастијан Фетел.

Одличниот настап во Унгарија за германскиот пилот на Астон Мартин доби тежок удар. Стјуардите го дисквалификуваа поради премалку гориво во болидот, што значи дека тој нема да се радува на бодовите за второто место.

Естебан Окон останува на врвот, но сега Луис Хамилтон ќе застане покрај него и ќе го поправи бодовното салдо и ќе ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Макс Верстапен.

Правилото вели дека по секоја трка од болидите треба да се извлече најмалку еден литар гориво, кое подоцна оди на анализа. Меѓутоа тоа не беше случајот со четирикратниот шампион.

Трката ја одбележа и инцидентот кој го предизвика Валтери Ботас на самиот почеток. Финецот поради тоа заработи санкција и ќе стартува пет места поназад во Белгија на крајот од август.

Коронавирус