вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Останати спортови

Фетел сака достоинствено да го напушти Ферари

Фетел сака достоинствено да го напушти Ферари

Себастијан Фетел се подготвува за последната фаза од сезоната 2020 во Формула 1 со амбиција достојно да ја заврши својата авантура со тимот на Ферари. Четирикратниот светски шампион доживеа тежок старт на шампионатот, исполнет со проблеми со болидот на Скудерија и влошени односи меѓу него и италијанскиот тим.

Сепак, Себастијан сака драстично да ги подобри своите перформанси на преостанатите шест трки и со крената глава да го остави Ферари во правец на Астон Мартин.

– За мене оваа година беше многу поразлична од сите други досега. Морам да се тркам од почетокот на сезоната, знаејќи дека ова е моја последна година во Ферари. Како и да е, мотивиран сум да постигнам повеќе во преостанатите стартови до финалето и да се разделам со тимот со високо крената глава. За жал, овогодинешниот автомобил не е лесен за возење кога треба да го извлечете максимумот од него. Ова е мислење на сите во тимот и на Шарл Леклер и јас го споделувам. Сепак, секогаш можете да се претставите малку подобро и јас ќе се стремам кон тоа на секој старт до финалето на шампионатот, изјави Германецот.

Коронавирус