среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Останати спортови

Фетел по првиот тест на „Муџело“ по 8 години: Оваа патека заслужува да биде во Ф1

Фетел по првиот тест на „Муџело“ по 8 години: Оваа патека заслужува да биде во Ф1

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, се врати зад воланот на автомобилот во Формула 1 за прв пат од паузата што ја наметна пандемијата од коронавирус. Четирикратниот светски шампион, заедно со неговиот тимски колега ШарлЛеклер, тренираа со автомобилот од пред две години на патеката „Муџело“.

Ова беше прв тест на Формула 1 на патеката по осум години, кога во 2012 година Фетел возеше за последен пат со тимот на Ред Бул. Фетел, исто така, ја коментираше патеката, за која многу се шпекулира дека е голем кандидат за влез во календарот во Формула 1 подоцна оваа година. Причината е откажување на многу натпревари надвор од Европа.

– Со задоволство се вратив во автомобилот по толку невобичаена пауза во Формула 1. За мене зимата е исклучително долга, а сега моравме да почекаме уште подолго до нашето враќање на патеката. Не можев да дочекам да ги видам момците од тимот по толку долго време. Беше огромно задоволство да се доживее уникатното чувство за излегување на автомобилот од гаражата по сето ова време. Патеката овде е импресивна и навистина мислам дека „Муџело“ заслужува и треба да се врати во календарот во Формула 1. Јас не сум бил овде веќе осум години, но после еден круг започнав навистина да уживам, изјави Германецот.

Парламентарни избори 2020