вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Останати спортови

Фетел од идната година ќе вози за Астон Мартин

Фетел од идната година ќе вози за Астон Мартин

Четирикратниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, кој ја вози последната сезона во Ферари од идната година ќе вози за Астон Мартин откако потпиша договор со овој тим.

Германскиот возач доаѓа на местото на Серхио Перез (33), кој вчера објави дека заминува од Рејсинг поинт, Ф1-тимот кој од следната 2021 година ќе се вика Астон Мартин.

„Почестен сум да објавам возбудлива вест околу мојата иднина и горд сум што од 2021 година станувам возач на Астон Мартин“, објави Фетел.

Тој освои четири светски титули со Ред Бул, но во Ферари не ги оправда очекувањата за да го врати „црвениот барон“ на врвот во „октанскиот циркус“.

Коронавирус