среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 79
home Останати спортови

Фетел ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада

Фетел ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Канада

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 што ќе се вози вечерва за Големата награда на Канада.

Фетел имаше најдобро време во квалификациите на патеката „Жил Вилнев“ кај Монтреал. Тој постави и нов рекорд на патеката со извозен круг за 1:10.764 минута.

Неговиот клупски колега, Валтери Ботас оствари второ најдобро време и ќе биде веднаш до него во првиот ред.

Од третата позиција ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул, а до него, на четвртото место ќе се најде актуелниот светски шампион Луис Хамилтон.

Од петтата до десеттата стартна позиција ќе тргнат: Кими Раиконен (Ферари), Даниел Рикиардо (Ред Бул), Хик Хулкенберг (Рено Спорт), Естебан Окон (Форс Индија), Карлос Саинц Џуниор (Рено Спорт), Сергио Перез (Форс Индија).

Главната трка на Гран при Канада ќе почне вечер со почеток во 20 часот и 10 минути по македонско време.

(Mиа)