понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 82
home Останати спортови

Фетел ќе исполнува тимски наредби и покрај разделбата со Ферари

Фетел ќе исполнува тимски наредби и покрај разделбата со Ферари

Себастијан Фетел изјави пред австриското Гран-при дека неговиот став кон тимските наредби нема да се промени, и покрај претстојната разделба помеѓу него и Ферари на крајот на 2020 година.

Тој и неговиот млад колега, ШарлЛеклер, имаа неколку блиски борби на патеката во 2019 година, па дури и имаше контакт меѓу двајцата за време на Гран-при на Бразил, што доведе до елиминација на двата автомобили.

Битките беа обележани со откажувања од обете страни да го пропуштат противникот, а тоа најочигледно се виде за време на ГН на Русија.

– Мислам дека е многу тешко да се одговори годинава затоа што не знаеме каква сезона ќе имаме. Не знаеме каде ќе бидеме во однос на брзината. Но, дефинитивно, ако ситуацијата бара и има смисла, мислам дека се очекува двајцата пилоти да си помагаат едни на други. Мислам дека тоа нема никаква врска со моето истекување на договорот и напуштањето на тимот. Но, во исто време, нема да го направам животот на Шарл лесен на патеката со тоа што постојано ќего пуштам пред мене. Ние се боревме порано, ќе се бориме и во иднина, рече Фетел за време на прес-конференцијата пред Австриското Гран При.

Коронавирус