недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фетел казнет пред ГН на САД

Фетел казнет пред ГН на САД

Четирикратниот светски првак во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, ќе ја почне трката за Големата награда (ГН) на САД, која овој викенд ќе се вози во Остин, со казна од десет стартни позиции.

Астон Мартин, екипата за која вози Германецот, мораше да го замени моторот на болидот по четврти пат оваа сезона, што не е дозволено, и резултираше со казна од десет стартни места од позицијата, која ќе ја оствари по саботните квалификации.

Фетел е во очекување на први бодови од трката за Големата награда на Белгија, кога беше петтопласиран, а оттогаш врза четири трки без пласман меѓу првите десет.

Во генералниот пласман германскиот возач е на 12 место со 35 бодови

Коронавирус