четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 94
home Останати спортови

Фетел: Јас сум мојот најголем непријател, а не Хамилтон

Фетел: Јас сум мојот најголем непријател, а не Хамилтон
epa06874064 German Formula One driver Sebastian Vettel of Scuderia Ferrari reacts on the podium after the 2018 Formula One Grand Prix of Great Britain at the Silverstone Circuit, in Northamptonshire, Britain, 08 July 2018. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Екипата на Ферари има побрз автомобил оваа сезона во Формула 1, но Хамилтон и Мерцедес водат во пласманот. Според експертите, тоа се должи во огромна мера на грубите грешки кои ги допушта Себастијан Фетел – единствениот пилот кој има реална шанса да се натпреварува со Хамилтон за титулата.

На повеќето луѓе им е тешко да ги признаат своите грешки, а Фетел не е исклучок. Себастијан, сепак, направи критичка самоанализа пред Големата награда на Сингапур.

– Сметам дека работите за мене се јасни. Јас сум си својот најголем непријател. Имаме одличен автомобил, ги имам сите услови да напаѓам, и шансите се на наша страна. Очигледно Луис е лидер во моментов, тој води и тој мора да биде надминат, но според мене ги имаме сите шанси – но дали ќе успееме да ги искористиме сега и во иднина – тоа е друго прашање, изјави пилотот на Ферари.

Фетел го сврте вниманието и кон претстојната трка. Тој истакна дека стартот во Сингапур е најтешкиот за пилотите – физички и ментално – и дека човек никогаш не се чувствува целосно подготвен. Од друга страна пак, предизвикот е одличен, па затоа лично не може да го дочека почетокот на викендот.

Себастијан стартувал од пол-позицијата на „Јас Марина“ рекордни четири пати. Тој водеше од стартот до финишот во 2011, 2013 и 2015, а во 2013 направи т. н. „Голем слем“ (водство во секоја обиколка и најбрза обиколка).

Коронавирус