петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 23
home Останати спортови

Фетел: Хамилтон фаворит, но нема предавање

Фетел: Хамилтон фаворит, но нема предавање

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел знае дека Луис Хамилтон е прв фаворит за трофејот, но ветува борба до крајот на шампионатот во Ф1.

На пет трки пред крајот на сезоната, Германецот заостанува 50 бода зад ривалот од Мерцедес.

– Доволно сум паметен да знам дека шансите не се во моја корист. Не треба да се биде голем математичар да се увиди тоа. Но, не се откажувам. Не се знае што ќе се случи до крајот. Затоа, ќе продолжам да бидам фокусиран на следните настапи, целта е победа на преостанатите трки, изјави Фетел.

Следна трка од Шампионатот во Формул 1 е за Големата награда на Јапонија закажана за 7 октомври.

Покрај трката во Јапонија до крајот на сезоната остануваат уште трките во САД, Мексико, Бразил и АБУ Даби.

Коронавирус