среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Фетел едвај чека да си оди од Ферари?

Фетел едвај чека да си оди од Ферари?

Поранешниот светски првак во Формула 1, Себастијан Фетел, моментно возач на италијанскиот гигант Ферари не сака да остане во „црвениот барон“, па бара начин да си замине по 2021 година.

Германецот својата слава ја достигна во Ред Бул со кој освои четири шампионски титули, но во Ферари не му оди добро и сега е во втор план во однос на Чарлс Леклерк, кој неодамна доби нов двегодишен договор.

„Себастијан е многу директен и не го интересираат политичките игри и не сака борби на тоа поле. Леклерк е во предност зашто неговиот менаџер Николас Тод знае да работи на тоа поле и многу е добар“, вели Хелмут Марко, првиот човек на Ред Бул.

Но, Фетел нема многу избор за заминување од Ферари, зашто враќањето во Ред Бул му е ограничено да биде „втор возач“ откако Макс Ферстапен е во прв план, а во Мекларен како опција која се најавува не е премногу привлечна, зашто овој клуб е далеку од некаков сериозен конкурентски статус на трките.

Фетел засега не добил нов договор, што е најава дека Италијанците повеќе не сметаат на него, ама наводно и се надева дека нема да го добие за да биде слободен да си замине, освен ако нешто друго не се случи во следниот период.