петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферстапен ја освои пол-позицијата за трката за ГН на Бахреин

Ферстапен ја освои пол-позицијата за трката за ГН на Бахреин

Формула 1 возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја освои пол позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Откако беше најбрз на сите три тренинзи, Ферстапен беше најдобар и во квалификациите и до пол-позицијата стигна со време од 1.28.997 стотинки.

Актуелниот шампион и седумкратен светски шампион, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од втората позиција бидејќи беше 0.388 секунди побавен од Ферстапен.

Неговиот клупски колега Валтери Ботас ќе тргне од вториот ред, заедно со возачот на Ферари, Шарло Леклер, додека петти е Пјер Гасли од Алфа Таури.

До десеттото место се уште и Даниел Рикардо, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

Коронавирус