вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 148
home Останати спортови

Ферари со подобрувања за Големата награда на Русија

Ферари со подобрувања за Големата награда на Русија

Екипата на Ферари ќе се обиде да направи промени со надеж дека ќе ги подобри своите перформанси на претстојното ГП на Русија.

Шефот на Скудерија, Матијас Биното изјави дека подобрувањата се мали, но треба да ги подобрат вкупните перформанси на болидите.

На последните три старта, возачите на тимот Шарл Леклер и Себастијан Фетел освоија вкупно четири бода.

По девет кола, тимот на Ферари е на шестото место во рангирањето на конструкторите. Заостанувањето на „црните коњчиња“ од шампионот Мерцедес веќе се зголеми на 259 поени.

Екипата на Алфа Таури е во подем во пласманот и сега заостанува само 13 бода зад Скудерија, што значи дека ако продолжи лошиот учинок, паѓањето во поредокот може да продолжи.

Коронавирус