сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 30
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Останати спортови

Ферари демантира: Никогаш не сме рекле дека ја напуштаме Формула 1

Ферари демантира: Никогаш не сме рекле дека ја напуштаме Формула 1

Во последните неколку дена бројни странски медиуми пренесоа дека италијанската екипа Ферари сериозно размислува да го напушти најбрзиот циркуз на светот  – Формула 1.

Истите, наведуваат дека Ферари силно се противел за ограничување на буџетот од 2021 година, па дури таква изјава дал директорот на тимот. Сепак, Ф1 гигантот веднаш ги демантираше овие шпекулации и соопшти дека Матио Биното никогаш не кажал такви зборови.

-Такви зборови Биното никогаш не кажал. Напротив, тој рече дека не сакаме да бидеме во позиција да разгледуваме различни можности, туку сме насочени само кон продолжување на учеството во формула 1, рече Маринело, потпаролката на Ферари.

Поради пандемијата со коронавирусот Формула 1 не ја отвори новата сезона, а досега се откажани девет трки. Веќе се кројат планови како и кога да започне сезона, која најверојатно ќе трае помалку од предвиденото.

Коронавирус