петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 87
home Останати спортови

Федерер вознемирен: Што изјави по елиминацијата?

Федерер вознемирен: Што изјави по елиминацијата?

Швајцарец Роџер Федерер, по поразот од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на УС Опен, беше разочаран, но и оптимист дека сепак може да победи на еден од следните Грен слем турнири.

-Мислам дека сезоната ќе испадне добра. Сега сум вознемирен, но сè ќе биде добро. Немам кристална топка и не можам да ја знам иднината, но се надевам дека сепак ќе имам можност да освојам некој Грен слем турнирот, изјави Федерер.

Триесет и осумгодишниот швајцарски тенисер беше трет носител и многу посакуваше да го освои УС опен, но стигна само до четвртфиналето.