сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер во 2020 ќе ги пропушти сите турнири на земја, освен „Ролан Гарос“

Федерер во 2020 ќе ги пропушти сите турнири на земја, освен „Ролан Гарос“

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, постепено ќе ја завршува својата кариера, а прв чекор кон пензионирањето му е неиграњето на турнири на земјена подлога.

Федерер објави дека во следната сезона, ќе игра само на еден турнир на земја, и тоа парискиот гренд-слем „Ролан Гарос“. Федерер ќе се фокусира на играњето на тврда подлога, како и на виблдонската трева.

Федерер не играше во Париз во 2016, 2017 и 2018 година поради повреди и приватни причини, а кога се појави пролетоска и стигна до полуфиналето, многумина мислеа дека тоа е негов последен настап.

Сепак, Федерер планира да игра и во 2020 година.

Коронавирус