вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Останати спортови

Федерер се премисли: Гранслем трофеите и не се толку важни

Федерер се премисли: Гранслем трофеите и не се толку важни

Роџер Федерер со 20 освоени гранслем-титули се уште најтрофеен тенисер на најсилните турнири во светот. Швајцарецот со години е бескрајно горд на ова остварување, но јасно е дека нема уште долго да биде осамен на врвот бидејќи Ѓоковиќ со пехарот од Ролан Гарос стигна до својата 19. гранслем титула.

Српскиот ас би можел веќе за еден месец, со триумф на Вимблдон да се израмни со швајцарскиот великан, па одеднаш на Федерер почна да му пречи што сите говорат само за овој негов рекорд, што наскоро ќе биде симнат.

„Ми се чини дека денеска во тенисот најважно прашање е бројот на гранслем трофеи. Тоа не ми се допаѓа, бидејќи ние низ целата година играме и на АТП-турнири, кои исто така заслужуваат внимание. Некогаш и јас сонував да го урнам рекордот на Пит Сампрас, но во последните години воопшто не размислувам на оваа тема“, изјави Федерер.

Коронавирус