недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 45
home Останати спортови

Федерер се пласираше во финалето во Хале

Федерер се пласираше во финалето во Хале

Актуелниот прв светски рекет Роже Федерер го совлада американскиот тенисер Денис Кудла со 2:0 во сетови (7:6/1, 7:5) и се пласираше во финалето на турнирот од серијата 500 во Хале.

Иако Федерер не играше во најдобрата форма успеа ја продолжи доминацијата во Хале, стигнувајќи до 12-то финале во кариерата на овој турнир.

Кудла се покажа како незгоден противник и целиот натпревар беше неизвесен, а на крајот смиреноста и искуството на швајцарскиот тенисер беа одлучувачки за победата.

Федерер во финалето за неговиот десетти трофеј во Хале ќе се соочи со подобриот од дуелот Чориќ – Баутиста Агут.

Коронавирус