недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер против Иснер во финалето во Мајами

Федерер против Иснер во финалето во Мајами

Роџер Федерер продолжува со одличните перформанси на „Мастерс“ турнирот во Мајами. Швајцарецот се пласираше во финале на турнирот по победата над Денис Шаповалов со 6:2, 6:4 за само час игра.

Средбата започна со долг прв гем кој, сепак, Шаповалов успеа да го добие. Потоа сепак Канаѓанецот имаше пад во играта и дозволи на Федерер да поведе со 5:1, а малку подоцна да го освои сетот со 6: 2.

Во вториот, Шаповалов се обиде да реагираа, но овој пат работите тргнаа лошо за него со брејк од самиот почеток. Тој сепак успеа да ја задржи интригата колку што е можно подолго, но Федерер одигра без грешка до крајот и ја заврши својата работа со 6:4 во негова корист.

На тој начин Федерер, кој по петти пат во кариерата се пласираше во финалето во Мајами, ќе се обиде да ја освои својата четврта титула. Во борбата за трофејот ќе спори со шампионот од минатата година Џон Иснер.