недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 55
home Останати спортови

Федерер призна зошто му се восхитува на Лионел Меси

Федерер призна зошто му се восхитува на Лионел Меси

Ѕвездата на светскиот тенис, Роџер Федерер призна дека се восхитува на играта на Лионел Меси. Според Швајцарецот напаѓачот на Барселона и Аргентина е најдобриот фудбалер во историјата на играта.

– Ми се допаѓа кога Меси ја добива топката, веднаш се свртува и потоа прави што сака. Тој е способен на се. Меси има избор: да даде пас, да надмине ривал, или да шутира. Секогаш има три варијанти. И тој може успешно да се справи со секоја од нив. Лео е еден од ретките фудбалери кои се способни за тоа, изјави Федерер, цитиран од „Фајненшл Тајмс“.

Тенисерот не за прв пат признава дека е фан на Аргентинецот. Пред неколку години тој го изјави следново: „Мислам дека тој е најдобриот играч во фудбалската историја. Сакам да ги следам неговите активности на теренот. Се надевам дека тој ќе успее да го освои Светското првенство со националниот тим“.