петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 91
home Останати спортови

Федерер нема да игра на Австралија опен

Федерер нема да игра на Австралија опен

Агентот на Роџер Федерер Тони Годсик, соопшти дека тенисерот ќе го пропушти Австралија опен во Мелбурн. Швајцарецот се очекува да се врати на терените по закрепнувањето од повредата, некаде на крајот на февруари.

Претходно, 39-годишниот Федерер изјави дека приоритети во 2021 година за него се Олимписките игри, Вимблдон и УС Опен.

Единствениот турнир што Федерер го играше во 2020 година беше Австралија опен, каде стигна до полуфиналето. После тоа тој беше подложен на две операции на десното колено.

Коронавирус