среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 74
home Останати спортови

Федерер најави завршување на кариерата во 2020 година

Федерер најави завршување на кариерата во 2020 година

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер можно е да стави крај на кариерата во 2020 година.

За 2019 година имам некои планови каде да настапувам, иако не сум во целост сигурен како ќе изгледа мојот распоред. Ќе одлучам во консултација со луѓето од тимот на што ќе го ставам приоритетот. Потоа ќе видиме дали воопшто за мене ќе има 2020 што се однесува до професионалното играње тенис, изјави во моментов третиот светски рекет.
Ова е прв пат Федерер да најави повлекување од тенисот.

На почетокот на новата година Федерер ќе игра најпрво во Хопман купот, а потоа од 14 јануари ќе ја брани титулата на Грен слремот Австралија опен. (миа)