понеделник, 23. април 2018. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер ќе се врати во игра во јуни за турнирот во Штутгарт

Федерер ќе се врати во игра во јуни за турнирот во Штутгарт

Носителот на 20 Гренд слем титули и светски број 2, Роџер Федерер ќе се врати на теренот во јуни месец за тенискиот турнир од сериите АТП 250 во Штутгарт.

Како што е познато, „Маестро“ од Базел повторно ќе ја пропушти целата сезона на земја, а потоа ќе го стори истото како и минатата година – ќе се врати во Штутгарт и ќе одигра уште еден турнир за „загревање“ пред „Вимблдон“.

Турнирот во Штутгарт ќе се одржи меѓу 11 и 17 јуни, а следниот за Федерер ќе биде оној во Хале (АТП 500) помеѓу 18-ти и 24-ти истиот месец, каде што минатата година швајцарскиот ас го декласираше Александар Зверев со 6:1, 6:3 во финалето. Во Штутгарт во 2017 година, Федерер изгуби од Томи Хас во својот прв натпревар.

Во овој турнир се очекува да настапат и други топ тенисери како Димитров, Кириос, Монфис итн.