недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер ќе го пропушти остатокот од сезоната, Ѓоковиќ размислува да не оди на УС опен

Федерер ќе го пропушти остатокот од сезоната, Ѓоковиќ размислува да не оди на УС опен

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави дека нема да настапи во 2020 година.

– Драги обожаватели, се надевам дека сте здрави и безбедни. Пред неколку недели, кога наидов на проблеми, за време на закрепнувањето, морав да претрпам дополнителна артроскопска процедура на десното колено, напиша Швајцарецот на Твитер.

Тоа значи дека Федерер најверојатно нема да игра цела година, додека српскиот тенисер и прв светски рекет Новак Ѓоковиќ јасно стави до знаење дека може да го пропушти УС Опен.

– Повеќето играчи со кои разговарав се доста негативни во врска со можноста да одат таму. За мене, најверојатно, во тековната ситуација, сезоната ќе продолжи во септември, соопшти Ѓоковиќ.

Во моментот, стартот на УС Опен е закажан за 31 август. Тениската асоцијација на САД следната недела треба да донесе одлука за нејзиното одржување. Во исто време, тенисерите ќе треба да бидат ставени во карантин 14 дена по пристигнувањето во земјата. Исто така, како резултат на состојбата со коронавирус, пристапот до терените ќе биде ограничен.

Претходно почетокот на Грен слемот „Ролан Гарос“ беше одложен за септември.

Коронавирус