сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Останати спортови

Федерер го победи гиганот Најк по двегодишна борба – си го доби логото РФ!

Федерер го победи гиганот Најк по двегодишна борба – си го доби логото РФ!

Швајцарската тениска ѕвезда Роџер Федерер после две годишна борба успеа да го победи американскиот гигант за спортска опрема „Најк“ околу правата за логото „РФ“ и сега најтрофејниот тенисер во историјата е сам сопственик на неговиот бренд.

„Најк“ му беше долгогодишен спонзор на Федерер и заеднички го креираа препознатливото лого со иницијалите на Швајцарецот, но откако Федерер потпиша договор со јапонски „Уникло“, Американците побараа да си го задржат логото.

„Тоа се мои иницијали, мое лого. Тоа е мое. Кога-тогаш, порано или подоцна, пак, ќе биде мое. Тоа е нешто што ми е многу важно, а не само мене, туку и на моите навивачи“, во 2018 година рече Федерер.

По две години сега ја доби правната битка, па тоа лого како личен заштитен знак, сега може повторно да го користи со јапонскиот спонзор.

Коронавирус