петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Федерер го освои Мајами, ја освои титулата број 101

Федерер го освои Мајами, ја освои титулата број 101

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер стигна до својата 101. АТП титула, откако вечерва во финалето на Мастерсот во Мајами го победи Џон Изнер од САД кој го бранеше трофејот.

Во меч кој траеше еден час и две минути, четвртиот носител го доби првиот сет со 6:1, во вториот беше 6:4.

Од 37-годишниот Федерер само Американецот Џими Конорс има освоено повеќе АТП трофеи, вкупно 109, во периодот од 1972 до 1996 година.

Наградниот фонд на турнирот во Мајами, САД изнесуваше 8,35 милиони долари. (МИА)