вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 186
home Останати спортови

Федерер ги откажа настапите во Торонто и Синсинати

Федерер ги откажа настапите во Торонто и Синсинати

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер, кој в недела ќе го прослави својот 40. роденден, ги откажа поради повреда настапите на АТП турнирите од серијата „мастерс 1000“, кои следните две недели ќе се играат во Торонто и Синсинати.

– За жал во текот на сезоната на настапи на трева почувствував проблеми со коленотo“, објави Федерер.

Швајцарскиот тенисер двапати победи на канадскиот „мастерс“ во 2004 и 2006 година, додека во Синсинати седум пати го подигнуваше победничкиот трофеј.

Локални избори 2021