вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фаворитот испадна од Вимблдон

Фаворитот испадна од Вимблдон

Кевин Андерсон, минатогодишниот финалист на Вимблдон, испадна во третиот круг од годинашното издание на третиот Гренд слем на годината.

Јужноафриканскиот тенисер поразот го претрпе од Аргентинецот Гвидо Пела со рерзултат 3:0 во сетови, односно 6: 4, 6: 3, 7: 6 во гемови.

Андерсон, беше четврт носител на турнирот и еден од фаворитите за освојување на ова отворено англиско првенство, кој минатата година загуби во финалето од Новак Ѓоковиќ.

Спортските медиуми калкулираа дека Ѓоковиќ можел да се соочи со Андерсон во полуфиналето, но сега како можни противници на патот до титулата во Вимблдон ќе му се испречат Раонич, Баутиста и Медведев. (МИА)