Британската тенисерка Ема Радукану повторно се соочува со својот најголем пех – човекот кој ја прогонуваше и за кого има забрана за приближување, бил фатен како се обидува да купи билети за претстојниот Вимблдон.
Според информациите кои ги пренесува “talkSPORT”, безбедносниот систем на “All England Club” веднаш го алармирал и блокирал обидот на прогонувачот да дојде до билети преку јавната лотарија. Неговото име било означено како високоризично, со што е спречен потенцијален нов инцидент.
Ова не е првпат овој човек да ѝ создава проблеми на Радукану. Тој претходно доби забрана за приближување поради неговото “опсесивно однесување”. Во февруари, за време на турнирот во Дубаи, тенисерката беше видно потресена откако го забележа во публиката.
“Го видов во првиот гем и си помислив: ‘Не знам како ќе го завршам мечот’. Буквално не можев да го видам топчето од солзи”, изјави тогаш Радукану.