понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 62
home Останати спортови

Фабио Квартараро победник на МОТО ГП трката во Италија

Фабио Квартараро победник на МОТО ГП трката во Италија

Овој викенд се извозе најлудата трка сезонава во Мото ГП. Љубителите на мотоспортот кои присуствуваа на трката за Големата награда на Италија можеа да видат се.

До победата дојде Фабио Квартараро од КТМ, кој го искористи излетувањето на Бањаја, лидер во тие моменти и до крајот остана на првата позиција. За Квартараро ова е шестта победа во Мото ГП во кариерата и трета оваа сезона.

Втор низ целта мина Португалецот Мигел Оливеира, а место на подиумот имаше и за Шпанецот Жоан Мир. На крајот сепак имаше смена на позициите, поради казна за Оливеира, кој со двете трката излезе надвор од патеката, па Мир заврши втор, а Оливерира трет.

Надвор излетаа и Марк Маркес и Алекс Ринс, а Морбидели сепак успеа да се врати на патеката и да ја заврши трката.

Коронавирус