сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 37
home Останати спортови

Фабио Квартараро победи на трката за ГН на Холандија

Фабио Квартараро победи на трката за ГН на Холандија

Францускиот  мотоциклиста Фабио Квартараро имаше одлична трка за ГН на Холандија и го освои првото место, четврто за него оваа сезона во МОТО ГП шампионат.

Квартараро тргна од второто место, а во средина на трката ја презеде лидерската позиција и ниту еднаш не ја испушти откако им избега за пет секунди на конкурентите. Второто место му припадна на Маверик Вињалес додека Жоан Мир го комплетира подиумот и заврши како трет.

Еден од најдобрите МотоГП возачи, Валентино Роси, падна со својата Јамаха и не ја заврши трката на една од омилените патеки.

Следната трка во МотоГП шампионатот е по летната пауза, на осми август, а возачите ќе се борат за титулата на ГН на Штаерска, Австрија.

Коронавирус