среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 91
home Останати спортови

Ф1 Трка во Мајами дури од 2020 година

Ф1 Трка во Мајами дури од 2020 година

Обидите Мајами да добие свое место во календарот на Формула 1 од идната сезона паднаа во вода, откако официјалните лица потврдија дека нема доволно време од следното лето познатиот американски град да добие „зелено светло“ за официјални натпревари.

Челниците на ФИА потврдија дека сакаат да го зголемат бројот на трки во Северна Америка по трките во Остин, Монтреал и Мексико Сити, па наскоро ќе биде потпишен десетгодишен договор со Мајами, но од 2020 година.

Организациониот комитет на трката во Мајами треба да изгради што е можно подобра улична патека, како трката би била магнет за публика, пари и најдобрите пилоти на Формула 1.