среда, 20. март 2019. Вести денес: 112
home Останати спортови

Ф1: И официјално дополнителен бод за најбрз круг

Ф1: И официјално дополнителен бод за најбрз круг

Формула 1 официјално го одобри воведувањето на бонус бод во новата сезона, која започнува во недела во Австралија. Такво нешто имало и во првите 10 години од создавањето на светското првенство во средината на минатиот век.

Советот на ФИА, заедно со Ф1, едногласно гласаше за предлогот дека оној кој го направи најбрзиот круг ќе добие уште еден бод, но само ако заврши во Топ 10.

– Заедно со ФИА, ние сме отворени за воведување нови работи кои можат да го подобрат шоуто, но исто така и да го задржат достоинството во спортот. Веруваме дека воведувањето на бонус поен за оној кој ќе го направи најбрзиот круг е чекор во вистинската насока, рече Рос Браун, спортскиот директор на Формула 1.

Тој додаде дека тие неколку месеци внимателно проучувале како навивачите гледаат на таква промена, но и дека пилотите веќе ќе бидат помотивирани за да покажат брзина во последните кругови.