вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Останати спортови

Европскиот шампион Филип Додевски е нов стипендист на МОК

Европскиот шампион Филип Додевски е нов стипендист на МОК

Денеска Таеквондо Клуб Бутел и Македонската Таеквондо Федерација добија уште еден олимписки стипендист.

Филип Додевски е вториот стипендист на МОК во олимписко таеквондо покрај Дејан Георгиевски.

Филип Додевски на 02.03.2019 година со пет победи стана европски сениорски шампион на седмото европско клубско првенство во олимписко таеквондо кое се одржа во Солун.

Тој е двократен балкански шампион и носител на неколку медали од официјални светски купови Г1 ранг.

-Голема благодарност до Македонскиот Олимписки Комитет за големата поддршка која ја дава на олимпиското таеквондо во Македонија. Олимпискиот пат е трасиран, со Господ напред чекориме со надеж и многу труд, објави Дарко Костовски, тренер на Филип.