сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 23
home Останати спортови

Еве зошто Ноле не славеше еуфорично по победата на Вимблдон

Еве зошто Ноле не славеше еуфорично по победата на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер во епскиот финален меч на Вимблдон 2019, победата  и титулата не ја прослави еуфорично, напротив делуваше невообичаено мирно.

Ѓоковиќ знае често да покаже емоции, да реагира бурно, но за оние пет часа вчера во финалето само два пати реагираше во негов стил, еднаш со рекетот удри во столот на судијата и еднаш употреби недолични зборови.

Причината за „отсуството“ на емоции била едноставна:

„ Си ветив самиот на себе  дека на теренот  ќе бидам мирен, знаев каква атмосфера ме очекува. Си ветив дека нема да ја загубам концентрацијата поради се што се случуваше  околу мене. Роџер играше добро, јас бев подготвен за сите сценарија, се имав во главата. Едноставно морав да игнорирам се, сите дофрлања, тешко беше, но кога публиката скандираше Роџер, јас слушав Новак“ – изјави Ѓоковиќ.