понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 86
home Останати спортови

Еве што треба да одбрани Ѓоковиќ за да остане на врвот на АТП листата

Еве што треба да одбрани Ѓоковиќ за да остане на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе водат голема битка до крајот на годината за првото место на АТП листата.

Моментално, Србинот има мала предност од 640 поени, но ќе има доста да одбрани за да остане на врвот. Една грешка би можела на шпанскиот тенисер да му овозможи по подолго време да завладее со светскиот тенис.

Ѓоковиќ во наредниот период ќе се обиде да одбрани 2.600 поени. Неговиот најблизок ривал ќе одигра само три турнири: Шангај, Париз и завршниот турнир во Лондон, односно еден турнир помалку.

Настапот во Токио на 16-кратниот Грен слем шампион би можел да му донесе дополнителни 500 поени. Со истите, тој би имал 1.140 пред Надал во пресрет на на турнирот во Шангај.

Во Париз минатата сезона стигна до финалето, таму застана и во Лондон, а го освои трофејот на Мастерсот во Кина.