четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 178
home Останати спортови

Ешли Барти нема да настапи на ВТА турнирот во Гвадалахара

Ешли Барти нема да настапи на ВТА турнирот во Гвадалахара

Најдобрата тенисерка на светот според ВТА листата, Ешли Барти ја заврши својата сезона и нема да ја брани титулата на финалниот ВТА турнир во Гвадалахара.

Австралијката не играше од УС Опен и најави дека ќе работи што подобро да се спреми за следната сезона. Иако не се работи за повреда, Барти по напорната сезона сака да одмори и да се припреми за стартот на новата.

Оваа година Барти освои пет титули, а што и да се случи таа ќе остане прва на ВТА листата.

Коронавирус