понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 22
home Останати спортови

Ерменскиот шампион отиде да војува и – загина!

Ерменскиот шампион отиде да војува и – загина!

Ерменскиот шампион во дигање товар Татул Харутјунјан трагично го загубил животот во воениот судар во регионот Нагорно Карабах, каде веќе една недела се води војна помеѓу Ерменците и Азербејџан.

Откако Ерменија прогласи воена состојба и објави општа мобилизација, многу ерменски спортисти веднаш се приклучија на својата војска и облекоа униформа, но за Харутјунјан сето тоа заврши трагично.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека во тек на интензивните борби во Нагорно Карабах животот го загуби членот на АПФ, повеќекратниот ерменски првак и добар пријател Татул Харутјунјан. Почивај во мир хероју“, објавија ерменските власти.

Ерменија и Азербејџан влегоа во војна за Нагорно Карабах, регионот кој територијално му припаѓа на Азербејџан, но во него живеат етнички Ерменци, а спортот со овој регион во јужен Кавказ е веќе четиридецениски.

Во моментов жестоки битки се водат во тој регион помеѓу армиите на двете земји, со стотици загубени животи во првата седмица откако почнаа воените дејствија, а и покрај барањата за прекин на огнот од меѓународната заедница, засега не се надѕира крај на борбите на фронтот во Нагорно Карабах.

Коронавирус