петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 30
home Останати спортови

Епската победа на Ферстапен во Германија донесе и жестока провокација од Хонда за Алонсо (Фото)

Епската победа на Ферстапен во Германија донесе и жестока провокација од Хонда за Алонсо (Фото)

Ф1 фановите после долго време можеа да уживаат во еден исклучително хаотичен и неверојатен гран при викенд, а дефинитивно главна причина за тоа беше дождот во Германија кој предизвика драма од огромни размери.

Доминацијата на Мерцедес беше евидентна само до моментот кога се возеше исклучиво на влажна патека, но кога почнаа да се менуваат условите и возачите по неколку пати да влегуваат во боксовите, се случија неколку пресврти, по кои како победник излезе Макс Ферстапен кој сигурно уште долго ќе ја памети победата на Хокенхајм.

За младиот Холанѓанец ова беше втора победа во сезоната и со тоа дефинитивно предизвика огромно задоволство во таборот на Ред Бул, но секако и во производителот Хонда кој до оваа година мака мачеше со Мекларен. Поради тоа, фасцинантниот триумф во Германија од страна на Макс ни донесе и една жестока провокација од страна на јапонскиот производител, кој не заборави едни тешки зборови на Фернандо Алонсо од пред неколку години.

Во домот на Хонда (патеката Сузука), Алонсо разочаран од честите откажувања порача дека Хонда има мотор за пониските серии во формула (ГП2 мотор), а ваквата негова изјава сега одговорните луѓе ја искористија за да му испратат директна провокација.

 

Коронавирус