сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 64
home Останати спортови

Емотивно откритие: „Да не беше Ѓоковиќ, луѓето ќе умираа на улица!“

Емотивно откритие: „Да не беше Ѓоковиќ, луѓето ќе умираа на улица!“

Донацијата која најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја даде за италијанскиот град Бергамо во износ од милион долари ги шокира буквално сите во ова место, а најмногу лекарите на првата линија на фронтот во борбата против коронавирусот.

Директорот на здравствениот центар во градот кој беше најтешко погоден од пандемијата, Петер Асембергс, открива како се потрошени парите кои им ги даде Србинот.

„Неговата донација буквално спасува животи. Ги зголемуваме собите, што сега ни е непходно со оглед што досега голем број луѓе во агонија лежеа, па дури и умираа во чекалниците. Потоа, купуваме апарати, од дефибрилатори до монитори, како и заштитна опрема за лекарите и сестрите“, изјави директорот и додаде.

„Подарокот на Ѓоковиќ, но и тоа што го изјави по донацијата од милион евра, поттикна реакција и ни донесе поддршка од сите страни. Во рок од 48 часа по неговото обраќање, добивме 10 милиони евра за борбата против невидливиот непријател“, дополни Петер.

Коронавирус