вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Емил Павлов ќе се бори за златниот медал на Премиер лигата во Москва

Емил Павлов ќе се бори за златниот медал на Премиер лигата во Москва

Македонскиот карате репрезентативец Емил Павлов е во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Москва, откако совлада имиња како Даглас Бросе Калвис Калинис и Анџело Крешченцо.

Бросе и Крешченцо се светски прваци.

Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за во недела.