недела, 26. септември 2021. Вести денес: 107
home Останати спортови

Елмас со оригинална порака му испрати поддршка на Георгиевски: Од Бутел до Токио…… (Фото)

Елмас со оригинална порака му испрати поддршка на Георгиевски: Од Бутел до Токио…… (Фото)

Дејан Георгиевски се претвори во топ тема во македонската спортска јавност, а тоа е сосема заслужено откако нашиот таеквондо бисер направи огромен успех на Олимписките игри во Токио.

Георгиевски се пласираше во големото финале во таеквондо категоријата над 80 килограми и веќе си обезбеди сребен медал, но сигурно дека во големото финале ќе го нападне и златниот во битката со Русинот Владислав Ларин.

Во моменти на голема еуфорија и во исчекување на финалната борба (14:45 часот), Георгиевски добива поддршка од цела македонска јавноста и македонските фанови, а со интересна порака излезе и Елиф Елмас од Италија.

Како дете кое е родено во Чаир, Елмас очигледно добро го познава својот сонародник кој е роден во Бутел, па македонскиот фудбалски „дијамант“ го одбележа големиот успех на свој начин.

– Од Бутел до Токио, како шампион ќе се вратиш дома….

Коронавирус