петок, 4. декември 2020. Вести денес: 98
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Останати спортови

Еклстоун: Тод се оддалечува од Ф1, ова може да доведе до катастрофа

Еклстоун: Тод се оддалечува од Ф1, ова може да доведе до катастрофа

Поранешниот генерален директор на Формула 1, Берни Еклстоун, го критикуваше претседателот на Светска автомобилистичка федерација (ФИА), Жан Тод. Според него, Тод веќе не е вклучен во раководењето со шампионатот во Ф1.

– Јас создадов структура, стратешка група која ги развиваше правилата, вклучуваше тимови, ФИА, ФОМ. Секој имаше еднаков број гласови. Сега Тод е премногу зафатен, работи на различни работи, работи 24 часа на ден, но се оддалечува од Формула 1. Ова ме загрижува. Мислам дека претседателот на ФИА треба да учествува во работата. Се надевам дека ова нема да доведе до катастрофа. Тод мора да ја задржи Ф1 во неговите раце, истакна Еклстоун.

Еклстоун кој четири децении раководеше со Ф1 од време на време излегува со критики како до раководството на овој спорт, така и до првиот човек на ФИА.

Коронавирус