сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Егзекутиран познат шампион во борење, меѓународниот притисок не помогна

Егзекутиран познат шампион во борење, меѓународниот притисок не помогна

Иранскиот шампион во борење, 27-годишниот Навид Афкари, е погубен со бесење откако беше осуден за убиство во антивладините протести во 2018 година.

Афкари беше погубен по законска процедура спроведена до крај по инсистирање на родителите и семејството на жртвата, ги пренесоа медиумите зборовите на претседателот на американскиот правосуден оддел во покраината Фарс. Афкари беше осуден на смрт поради обвинение дека со нож убил човек во протестите.

Минатата недела Меѓународното здружение на спортисти повика за исфрлање на Иран од светскиот спорт ако тамошните власти го погубат младиот човек.

Постојат и сомнежи дека Афкари бил измачуван за да даде лажно признание. Според активистите за човекови права, успешниот спортист само мирно учествувал во протестот, додека неговиот адвокат тврдеше дека нема докази за вина за делото за кое беше обвинет.

Иранското судство го негираше тврдењето за измачување.

„Афкари со нож уби невин човек и тоа го призна на суд. Судот донесе смртна казна на основа на силни докази, а Врховниот суд ја поддржа пресудата“, се наведува во соопштението од Судот.

Случајот со Афкари го потресе светот. Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, објави видео во кое моли Иран да не го погуби младиот спортист. Вајт на помош го повика и американскиот претседател Доналд Трамп, но ниту неговата порака не помогна Афкари да биде спасен.

Коронавирус