среда, 4. август 2021. Вести денес: 92
home Останати спортови

Едноминутен бојкот на Тур Д Франс поради лоши безбедносни протоколи

Едноминутен бојкот на Тур Д Франс поради лоши безбедносни протоколи

Велосипедистите, кои се појавија на стартот на денешната четврта етапа на годинешниот Тур Д Франс, ја прекинаа трката во траење од една минута откако го минаа првиот километар во знак на протест поради лошите безбедносни услови и бројните инциденти што ги одбележаа првите три етапи.

По едноминутниот бојкот на патеката, велосипедистите следните десет километри ги минаа во многу бавно темпо.

Тур Д Франс почна хаотично во саботата со масовни падови, од кои едниот го предизвика неодговорна гледачка, која стоеше покрај патот со картонски транспарент во рацете, завртена со грбот кон велосипедистите, кои надоаѓаа со брзина поголема од 40 километри на час. Германскиот велосипедист Тони Мартин не можеше да го избегне судирот со гледачката, предизвикувајќи потоа масовен пад и на десетина други велосипедисти, кои надоаѓаа по патеката.

Во понеделникот, исто така, се случи масовен пад, а во одвоени инциденти на асфалтот завршија Британецот Џереин Томас, кој победи на Тур Д Франс во 2018 година, и моментно најдобриот велосипедист во светот, Словенецот Примож Роглич. Обајцата ја продолжија трката, Томас со исчашено рамо, а Роглич со бројни гребнатинки по левата рака и нозете.

Коронавирус